Кроација осигурување Живот, како општествено одговорна компанија ги поканува сите млади вработени, студенти и невработени за учество под нејзино покровителство во бесплатната 3-дневна обука во живо on-line (преку Zoom) за вештините, алатките, знаењето и начинот на размислување кои ви се потребни за да ги водите другите- Лидерски вештини за млади – Aspiring Leadership
Обуката ја извршува Мотива Центарот за образование и обука.
Термин: 28, 29 и 30 Септември 2020 год. од 18:00 до 20:30 часот
Со цел да си резервирате место јавете се или пишете порака со ваш број да ве контактираат претставниците на Мотива на телефоните: 070 358 680 и 02 306 1114.