Врховен ја потврди затворската казна за Кочан

Врховниот суд го одби барањето за преиспитување на правосилната одлука од страна на бранителите на Сеад Кочан. Со тоа Врховен ја потврди неговата затворска казна за случајот „Труст“.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје.

Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје.“, се вели во соопштението.

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави