Златан Ибрахимовиќ има позитивен тест на коронавирусот

По стоперот Лео Дуарте и напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ има позитивен тест на коронавирусопт.

По ваквата вест искусниот напаѓач веднаш отпаднл од конкуренција за составот на тимот за вечерашната средба од квалификациите за Лигата на Европа против Бодо Глимт. Клубот преку официјално соопштение ја потврди оваа информација и напиша:

„Златан Ибрахимовиќ има позитивен тест на вирусот ковид-19, во рамките на второстепеното тестирање пред денешната средба со Бодо Глимт. Клубот ги информираше надлежните и играчот беше сместен во самоизолација. Сите останати членови на првиот тим беа негативни“.

Тренерот Стефано Пиоли за натпреварот против норвешкиот претставник не може да смета ниту на Анте Ребиќ кој треба да одработи казна уште од настапите за Ајнтрахт Франкфурт, додека непозната е ситуацијата и со Рафаел Леао кој исто така имаше коронавирус. Очигледно, во шпицот на нападот ќе се најде младиот Лоренцо Коломбо.

Треба да знаете
Последни објави