Мадуро: САД се закана за светскиот мир

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро  во говорот пред Обединети нации оцени дека САД се закана за мирот во светот.

– САД се најсериозна закана со која се соочува нашиот мултиполарен и мулитицентричен свет, обвини Мадуро, додавајќи оти администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажува презир кон мултилатеризмот.

Мадуро истакна и дека Венецуела „е под постојан напад од империјата САД” и побара укинување на санкциите кои се воведени со цел да се смени власта во Каракас.

И самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо се обрати до меѓународната заедница преку видео порака емитувана на социјалните мрежи.

– Мадуро воопшто не сака да ја реши економската, социјалната и политичката криза, наведе Гуаидо.

Тој го обвини Мадуро за прогон на политичките противници и кршење на човековите права.

– Ние бараме помош од меѓународната заедница. Дојде време за одлучна акција, истакна опозицискиот лидер.

Гуаидо и Мадуро водат борба за превласт од почетокот на 2019 година. Голем број држави, меѓу кои САД и Германија го признаа Гуаидо за легитимен привремен претседател на Венецуела, но Мадуро има поддршка од армијата.

Треба да знаете
Последни објави