Озил тешко ќе се избори за место во тимот на Арсенал

Иднината на германскиот фудбалски интеранционалец Месут Озил останува нејасна, откако тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета објасни дека е далеку од групата на играчи која конкурира за местото во тимот.

Поранешниот германски репрезентативец, кој добива „вселенска” плата, не игра за Арсенал од 7 март. Не се најде во групата на играчи и за последните четири средби на „топџиите”.

Озил ја тера последната година од договорот и нема сериозен интерес од другите клубови за него.

– Сведоци сте на еволуција на нашите фудбалери. Секоја недела е тешко за некои играчи – не само за Озил – дури и да влезат во групата. Пред секој натпревар треба да ги изберам оние што се во најдобра форма. Тоа е моја работа и се обидувам да бидам што е можно пообјективен, вели шпанскиот тренер.

Арсенал го победи Лестер во ФА купот во средата вечерта.

– Нашиот тим се развива и тоа се гледа од резултатите. Сите сакаме да продолжиме на овој начин, што само ни го отежнува изборот на играчи како тренерски тим, додава Артета..

Треба да знаете
Последни објави