Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска
„Очигледен е обидот на СДСМ да ја дефокусира јавноста од своите неуспеси и катастрофални политики. Затоа клевети и манипулира, на нивен познат манир. Со ова СДСМ покажа дека стои зад антисемитската хистерија кон Рашела Мизрахи и Евреите.
Вистинските антиевропски и антизападни вредности треба да ги бара во својата партија и кај својот лидер Зоран Заев. Токму Заев му овозможи криминоген бизнис тежок 200 милиони евра на прорускиот контроверзен бизнисмен Дака Давидовиќ. За тој бизнис се исплатени 300 илјади евра и дадени 2000 метри квадратни простор, за што постои конкретен доказ.
Заради ваквиот бизнис и заради десетиците милионски скандали на мафијата на Заев корупцијата цвета во Македонија, а државата е најкорумпирана држава во Европа. Со ваква мафијашка власт нема ниту Европска Унија, ниту европски вредности.
Со ваква мафија на власт нема Европа. Или мафијата на власт или европска иднина.“