Тој е еден од најбараните актери во Холивуд.
Бред Пит не сака да стави прстен на женска рака во скоро време а можеби и никогаш повеќе по двата пропаднати брака, пишува „Ју-ес викли’.
56-годишниот холивудски шармер беше оженет со Џeнифер Анистон и Анџелина Џоли, но не смета дека свадбеното блаженство е во картите за неговата иднина, пишува весникот.
Спред анонимен извор, цитиран од американското списание, и покрај тоа што започна нова романса, „мала е веројатноста Бред некогаш да се ожени повторно“.
Пит беше во брак со Анистон од 2000 до 2005 година. Речиси девет години подоцна, тој се ожени со Џоли во 2014 година, но таа поднесе барање за развод во септември 2016 година.
Бред и неговата нова девојка Никол предизвикаа гласини за наводна врска кога беа забележани како пристигнуваат на југот на Франција со приватен авион и го посетија „Шато Миравал“, каде тој произведува розов шампањ.
Инсајдер тврди дека Бред е среќен со Никол Потуралски, но дека не размислува за брак.