Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Франција надмина 500.000, откако денеска беа регистрирани 15.797 нови случаи.
Според податоците на Министерството за здравство, досега вкупно 513.034 лица се заразени со вирусот.
Во денот се регистрирани 150 смртни случаи, што е трипати повеќе од вообичаено на дневна основа во минатата недела. Досега се регистрирани вкупно 31.661 смртни случаи во Франција.
Во Франција, вчера беа регистрирани рекорден број на заболени лица, 16.096.