Влијателниот кардинал од Ватикан кој е вплеткан во скандал со некретнини вчера неочекувано си поднел оставка и се одрекол од правото да учествува во изборот на новиот папа. Во кусото соопштение кое го објавил синоќа, што не е вообичаено, се наведува дека папата Францис ја прифатил оставката на кардиналот Џовани Анѓел Бечуа, лидер на одделението кое одлучува за канонизација, пренесе Хина.
Значаен дел од соопштението е оној во кое стои дека 72-годишниот Бечуа се откажал од правата поврзани со функцијата кардинал.
Најзначајно право на кардиналите помлади од 80 години е тоа што учествуваат во изборот на новиот папа. Откажувањето од тоа право значи дека причината за оставката на Бечуа има сериозна позадина.
Последен кои го направил овој чекор бил шкотскиот кардинал Кит О Брајен во 2013 година поради секс-скандал.
Бечуа до 2018 година беше државен подсекретар што е една од највлијателните функции во Ватикан. За време на мандатот беше и дел од контроверзниот договор со кој секретаријатот на Ватикан користел црковни пари за купување на луксузни згради во Лондон, поради што сеуште трае судски процес за кој наскоро се очкуваат и пресудите.
Истрагата за овој случај минатат година доведе до суспензија на петмина функционери од Ватикан, оставка на шефот на ватиканската полиција и заминување на поранечниот раководител на ватиканската Канцеларија за финасии.