Денвер загуби од Лејкерс во мечот одигран рано утрово, но потегот на мечот останува за најпрецизен кај Нагетс. Џемал Мари успеа да постигне кош на неверојатен начин, а многумина го споредија со легендариот потег на вечниот Мајкл Џордан.
Мари тргна на забивање, но пред него се појави Леброн Џејмс и наместо да се обиде да забие, играчот на Денвер едноставно ја спушти топката и на втор обрач успеа да положи. Речиси ист таков потег во финалето на плејофот во 1991 година направи Џордан и тоа беше на меч против Лејкерс. Тој потег на Џордан се памти уште, а Мари успеа да покаже дека има кој да го наследи и да го ископира.
Погледнете ги двата спектакуларни потези од утрово на Мари и од пред речиси 30 години на Џордан.