Поглаварот на Исламската верска заеница во Северна Македонија Реис-ул улема Шаќир ефенди Фетаху, денеска прстојуваше во посета на општина Дебар,инфомрираа од општината при што имал со градоначалникот Хекуран Дука, на која присуствувал и дебарскот муфтија Решат ефенди Качалнику.
-Денеска бевме почестени со посетата на Реис-ул улема Шаќир Ефенди Фетаху, претседател на Исламската верска заедница во РСМ, како и муфтијата на Дебар, Решат ефенди Качалнику. На средбата стана збор за соработката на општина Дебар и ИВЗ, која беше оценета како многу конструктивна и задоволителна, знаејќи ја важноста и улогата на религијата во нормалниот развој на едно општество, додаваат од општината.
Посочуваат дека „оваа многу потребна соработка ќе продолжи и во иднина со поголем интензитет и со конкретни чекори”, а во име на оваа соработка биле разменети благодарници од општина Дебар за ИВЗ и од ИВЗ за општината.
Поглаварот Фетаху, со своите соработници бил и во посета на дебарското муфтиство каде бил запознат со низата активности,пред се оние кои се реализираат во однос на реновирање на постојните и изградба на нови џамии,за што главни донатори се самите верници како и дебарските иселеници од САД. Тој имал средба и со имамите од ова муфтиство.
Дебарското муфтиство го покрива подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде функционираат над 50 џамии.