Британскиот рапер Тајо Круз проговори за причините поради кои се откажа од популарната апликација „Тик ток“, откривајќи дека сакал да го зачува своето ментално здравје.
Поп-ѕвездата, познат по хитовите Dynamite and Break Your Heart, рече дека бил цел на видеа и коментари со говор на омраза на апликацијата за споделување видеа.
„Телото ми се тресеше и имав самоубиствени мисли“, објасни тој на Инстаграм. „Фактот што се чувствував така, ме шокираше дури и мене.“
35-годишниот рапер додаде: „Некои корисници објавуваа омразни, исмејувачки видеа што поттикнуваа негативност, така што сè повеќе луѓе почнаа да се вклучуваат во потсмев и омраза.
„Мојата намера беше да направам забавни видеа и да комуницирам со моите фанови, но некои, кои нема да ги именувам, беа негативно настроени.“
„Заради сопственото ментално здравје, попрво би бил таму каде што сум добредојден, засега ‘Тик ток’ не е такво место. Социјалните мрежи не треба да бидат вакви, но, за жал, се.“