Актерката Бергузар Корел, позната во нашите простори како Шехерзада од ТВ- серијата „Илјада и една ноќ“ во март го доби второто дете со 49-годишниот актер Халит Ергенч кого го паметиме по улогата Сулејман Величествениот.
Иако сите мислеа дека во нивниот меѓусебен однос нема никаков сигнал за проблеми, и дека синот Хан ја дополни семејната идила, се чини дека не е така.
Според некои турски медиуми, сопружниците се на чекор до одлука за развод.
Не се сложуваат околу многу работи. Најлошо е што Халит не сакал второ дете бидејќи сметал дека е престар, а неговата сопруга го наговарала на тоа речиси две години. Кога останала трудна, тој бил пресреќен, но по породувањето, таа целосно се посветила на детето, и тој сега се чувствува запоставен.
Медиумите цитираат извор близок до парот, кој открива дека тие решиле да се раздвојат на неколку месеци, а потоа да разговараат дали разделбата ќе биде засекогаш.
Наводно, 50-годишниот актер веќе почнал да се допишува со друга жена за која локалните медиуми пишуваат дека е многу популарна и е една од најголемите актерски надежи на Турција.
Му недостигаат страст и жар, а сопругата го одбива. Едноставно, хемијата исчезна, а таа воопшто не се труди да направи нешто. Тој има потреби како и сите други луѓе, додава изворот.