На социјалните мрежи се појавија фотографии, на кои се гледаат мртви кучиња расфрлани среде дива депонија во Преспа.
Жителите кои секојдневно се таму, велат дека повеќе не можат да замижат за овој проблем кој постои со децении и бараат одговорнот од градоначалникот на Преспа.
„Мртов отпад низ Преспа, реа на гнили кучиња!“, „Ова е жива болест“, „Културата на нашиот народ“, „Каков народ, таква држава, никаква култура и никаква еконошка совест и никаква грижа за околината“, се само дел од коментарите напишани од гневните граѓани на објавата на Фејсбук.