Влијателен кардинал од Ватикан си поднел оставка, нема да учествува ниту во изборот на новиот папа

Влијателниот кардинал од Ватикан кој е вплеткан во скандал со некретнини вчера неочекувано си поднел оставка и се одрекол од правото да учествува во изборот на новиот папа. Во кусото соопштение кое го објавил синоќа, што не е вообичаено, се наведува дека папата Францис ја прифатил оставката на кардиналот Џовани Анѓел Бечуа, лидер на одделението кое одлучува за канонизација, пренесе Хина.

Значаен дел од соопштението е оној во кое стои дека 72-годишниот Бечуа се откажал од правата поврзани со функцијата кардинал.

 

 

Треба да знаете
Последни објави