Германското Министерство за надворешни работи вечерва издаде предупредувања до граѓаните за патувања во Чешка, Луксембург и австриската провинција Тирол.
Германското министерство соопшти дека граѓаните не треба да патуваат без потреба во Чешка, Луксембург и Тирол поради големиот број заразени со новиот коронавирус.
Претходно денеска, министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан, ги советуваше Германците да останат во земјата поради пандемијата на вирусот за есенските и зимските празници и да се воздржат од патувања во странство.