Водечкиот германски епидемиолог, Христијан Дростен, во говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвремено славење на успехот на Германија во кризата со коронавирусот.
-За да ја надминеме ситуацијата во следните неколку месеци треба да промениме некои работи. Пандемијата всушност дури сега ќе почне. И во Германија, рече Достен, додавајќи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.
„Не мислам дека Германија е подготвена за следните неколку месеци со коронавирусот”, рече Достен за „Шпигел”.