МТСП: Во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец 08/2020 година

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец 08/2020 година.

Гарантиран детски додаток

Посебен додаток за месец 09/2020

ЕПП за новороденче

Родителски додаток за трето дете

Родителски додаток за четврто дете

Гарантирана минимална помош ГМП

Туѓа нега

Еднократна парична помош

Мобилност и слепило

Цивилна инвалиднина

Социјална сигурност- социјална пензија

Паричен надоместок за згрижувачко семејство

 

Дополнителната исплата на паричните права од социјална и детска заштита беше наменета за  корисниците кои беа клиенти на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, а кои во дадениот рок (до 25.08) не успеале  да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права.

 

Претходно, на координативен  состанок со банките, МФ и НБРМ беше договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и  згрижувачките семејства за август 2020 година,  да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што  податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.

 

Треба да знаете
Последни објави