Истражувањето на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ) покажа дека повеќе од 60 проценти од испитаниците очекуваат Црна Гора да остане независна и на евроатлантскиот пат по изборите, јави Анадолија.
Анкетата на јавното мислење на таа невладина организација, исто така, покажа дека повеќе од 80 проценти не ја доведуваат во прашање независноста на државата.
„Кога станува збор за очекувањата на граѓаните, по изборите, за државниот статус на Црна Гора, 61 процент од испитаниците се за тоа да остане независна на нејзиниот евроатлантски пат, а 21,9 проценти се да остане независна, но да се сврти кон Србија и Русија„, соопшти ЦЕДЕМ.
Според истражувањето на невладината организација, 7,6 граѓани сметаат дека Црна Гора треба да се обедини со Србија во заедничка држава и 1,7 проценти дека треба да стане составен дел на друга држава со Србија и други земји или ентитети во регионот.
Анкетата била спроведена со употреба на стандардна методологија на примерок од 1.035 испитаници, во период од 11 до 19 септември.