Денеска во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Пахор положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.
Претходно, во претседателскиот кабинет во „Вила Водно”, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, по што се одржа тет-а-тет средба меѓу претседателите, пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација и прес конференција.