Поради неспособноста на  СДСМ ќе се затворат 15 000 микро и макро компании

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

@Поради неспособноста на СДСМ над 40.000 граѓани во Македонија ги изгубија своите работни места. Се фалеа дека спроведуваат четврт сет на мерки, а  не успеја да ги спроведат мерките од третиот сет.  Без никаков срам се фалат за четвртиот сет на мерки, кога тоа остана само празно и неисполнето ветување пред граѓаните.

Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со Ковид-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат.

Поради нивната неспобност Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%.

Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој над 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%.

Зоран Заев и Владата на СДСМ во ек на криза ја поскапија струјата за 7,4%. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.

Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави