На 24.09.2020 во 22.05 часот на крстосница од ул.„Методија Андонов Ченто“ и помошна улица во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(43) од Скопје и мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(20) од с.Инџиково, скопско.
По незгодата, Д.Г. и сопатникот на мотоциклот Д.Т.(19) од истото село биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Д.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Г. телесни повреди.
На 25.09.2020 околу 00.30 часот, додека полициски службеници го обезбедувале местото на незгодата, дошол Т.Г.(44), чиј син учествувал во незгодата, и се однесувал агресивно кон полициските службеници, а неговите синови Д.Г. и К.Г.(22) физички ги нападнале. Сите лица инволвирани во нарушувањето се приведени во Полициска станица Гази Баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.