Во околината на Лозница, во атарот на селото Брасина паднал воен авион, соопштија српските медиуми.
Според локалните медиуми за кои зборуваат очевидци авионот летал ниско од правецот на Цер кон Зворник и направил круг. При тоа замалку не удрил во едн од куќите во селото Врасина. По ова се слушнал силен тресок. Авионот паднал во дворот од една од кучите. Неофицијално, повредено е едно лице од куќата. Не е познато што се случило со пилотот.
Единиците на противпожарната бригада веднаш се упатиле кон местото на несреќата, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.