Составот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека тоа е нереформирана, назадна партија

Прес-конференциja Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ

 
„Составот на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува деструктивната и антидржавна матрица во која е заглавено ВМРО-ДПМНЕ. Во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец губитникот Христијан Мицкоски си скрои извршен комитет составен од докажани деструктивци кои работат против интересите на граѓаните и државата.

Меѓу нив е и Гордана Димитриевска Кочовска, дополнителната заменичка министерка во преодната Влада. По налог на нејзиниот шеф Мицкоски, Кочовска намерно блокираше заем од Светска банка во висина од 90 милиони евра, пари кои во најголем дел беа наменети за зајакнување на здравствените капацитети во борбата против коронавирусот.

Кога не блокираше заеми, Кочовска редовно пласираше лажни вести преку кои се обидуваше да внесе вознемиреност меѓу граѓаните. Со таквото дејствување, Кочовска застана против интересите на граѓаните и државата, застана против здравствениот систем. За целиот период во Владата како дополнителна заменичка министерка, граѓаните од Кочовска не видоа ништо освен деструкција и лажни вести.

Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски а раководена од Будимпешта, останува нереформирана, назадна и деструктивна партија посветена на одбрана на криминалот во сопствените редови. Со таквиот нечесен, незрел и неодговорен однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго остануваат во опозиција.“

Треба да знаете
Последни објави