Уапсен претседателот на Здружението на ветерани на ОВК во Косово

Специјалните единици на ЕУЛЕКС денеска упаднаа во канцелариите на Здружението на воени ветерани на ОВК во Косово и го уапсија претседателот на тоа здружение, Хисни Гукати, пренесуваат приштинските медиуми.

Како што претходно објави Индексонлајн, полициските службеници на таа мисија, вооружени со автоматски пушки, влегле во канцелариите, чии припадници во претходните денови неколкупати пријавија дека добиле тајни документи од Специјалниот суд.

Апсењето на првиот човек на организацијата го потврди и неговиот заменик, Насим Харадинај, кој за Косова прес изјавил дека бил контактиран од Гуцати кој му кажал дека е уапсен.

 

Треба да знаете
Последни објави