Германската армија има проблем со лошиот квалитет на милион заштитни маски што им беа нарачани на војниците поради пандемијата на коронавирусот, тврди магазинот „Шпигел”.
Од почетокот на корона-кризата армијата нарачала околу 10 милиони маски од типот FFP2 без вентили за 47 милиони евра.
Анализата на Институтот за заштитна технологија на германската армија утврди дека 67 отсто од нарачаните маски не го исполнуваат потребниот квалитет.
Бундесверот сега побара од производителот да ги замени маските, што не ги исполнуваат критериумите за квалитет, со закана за барање за надомест на штета.