Според турските медиуми, ѕвездата од серијата „Истанбулската невеста“, Асли Енвер конечно се свршила со музичарот Мурат Боз, а објавени се и фотографии на кои се гледаат Асли и Мурат како носат венчални прстени.
Патот до свршувачката за Асли не беше лесен. Асли и Мурат се запознале и се заљубиле на снимањето на филмот „Мојот брат“ во 2016 година, една година откако актерката се разведе од манекенекенот Биркан Сокулу. Потоа, разочарана од својот поранешен сопруг, таа изјави дека повеќе не верува во љубовта.
Таа се премисли кога го запозна Мурат. Никогаш не криеше колку е за вљубена, честопати изјавувајќи дека Мурат е вистинскиот и дека се гледа себеси како мајка на нивните деца во иднина.
Сепак, Мурат ја остави под изговор дека не е подготвен за брак, го смени телефонскиот број замина за Мајами каде живее неговата поранешна сопруга. По неговото заминување, актерката се иселила од заедничкиот стан во Истанбул, обидувајќи се да ги залечи раните со работа.
Сепак, на почетокот на јануари, двојката се помирила, наводно по настојување на музичарот, молејќи ја да му прости. Сега се шпекулира дека актерката всушност го прифатила помирување со Мурат под услов тие да стапат во брак.
По помирувањето, двојката одлучи да не зборува јавно за нивната врска, и така ниту тие ја потврдија, ниту ја демантираа веста за свршувачката.
– Сè што е во љубовта е за љубовта. Убаво е да се сака и да се биде сакан. Само љубовта е збор кој грее. За да ја заштитиме нашата врска, решивме да не зборуваме за тоа. Но, можам да кажам дека: ако не се сакавме многу, немаше да бидеме заедно – рече тогаш Мурат.
Сепак, по толку раскинувања и смирувања, овој пат по се изгледа навистина е крај. Турските медиуми пишуваа дека повторно не се заедно, а овој пат и Асли ја потврди информацијата.
-Не комуницираме речиси 4 месеци, немаме комуникација, вели актерката и додава дека е среќна во животот.
Преземено од Скопје24