Британските филмски награди, „БАФТА“, кои се своевиден еквивалент на американските „Оскари“, ќе имаат повеќе номинации следната година во обид да ја зголемат различноста на sвездите и на креаторите на филмови кои треба да ги добијат сите почести кои ги заслужуваат.
Сите четири актерски категории, како и наградата за најдобар режисер ќе имаат шест номинирани, наместо вообичаените пет.
Десет наслови ќе бидат во конкуренција за највисоката британска награда за филм – четири повеќе од вообичаените шест.
На почетокот на оваа година, „Бафта“ доби остри критики по објавувањето на листата на номинирани актери, а на која сите беа белци.
Во меѓувреме, ниту една жена не беше номинирана за наградата најдобар режисер веќе седма година.
Организаторите извршија детален преглед како резултат на критиките, и рекоа „ќе се обидат да таргетираат“ 1.000 нови членови со право на глас од недоволно застапените групи.
Овој потег, како што рекоа, е еден во низата чекори „да се обезбеди порепрезентативно и поинклузивно членство што го рефлектира денешното британско општество“, пренесуваат британските медиуми.