Богојески: ВМРО-ДПМНЕ и БНД ми се закануваат

Промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески преку својот фејсбук профил информира дека е подолг временски период предмет на уцени и добива закани од претставници на ВМРО-ДПМНЕ и блиски приврзаници на Каракачанов. Тие се координирани од страна на еден македонски олигарх, кој плаќа бугарски и македонски политичари, со цел да биде заштитен од политички прогон во Македонија, нагласува Богојески.

Богојески пишува дека до него се упатени повеќе барања, меѓу кои:

– Да ја поддржи официјалната позиција на Бугарија по македонското прашање, со која ќе се уценува и спречи влезот на Македонија во ЕУ,

– Да се откаже од тврдењето дека македонско – бугарските односи се заложник на мафијата,

– Да се откаже од барањето да се заштити ВМРО-ДПМНЕ од политичка злоупотреба и во Македонија и во Бугарија, преку заклучок на историската комисија на двете земји,

– Да се повлече од барањето за реформи, а сега и за редефинирање на ВМРО ДПМНЕ и да го поддржи Мицкоски да остане лидер на партијата, и

– Да престане да постои Македонски концепт, а во понатамошното политичко дејствување да му даде поддршка на Мицкоски.

Тој истакна дека после неговиот јавен настап на ТВ24 на ден 23.09.2020 година, особено тврдењето дека македонско – бугарските односи се во заложништо од мафијата, е повторно предмет на уцени и закани со истите барања до него и со најава дека е нарачана негова ликвидација во македонската јавност, која треба да започне денес.

“Од моја страна беа отфрлени сите нивни барања! Кажано е дека продолжувам да се борам за мојата Македонија и дека никогаш, ама баш никогаш нема да се откажам од таа борба, без разлика на се што ме очекува во иднина, на сите закани и уцени.

Заканата започна да се реализира, токму како што беше најавено, денес во 12.11 мин добив полициски прашања од страна на “интернет медиумот Инфомакс”, за кој знаеме чив перјаник е, со прашања за мој престој и студии во Бугарија, бугарско државјанство, бугарска стипендија за магистерски студии, пријателства со македонски Бугари и сл. со цел платената акција да биде спроведена и да бидам прикажан како бугараш во македонската јавност и ликвидиран од политичка сцена во земјава”, информираше Богојески.

Богојески нагласи дека нема да одговори на нарачаните прашања од Инфомакс, но јавноста заслужува одговори, па во текот на следните денови ќе објави дополнителни факти и документи, но и непријатни вистини за координацијта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и БНД.

Без разлика на сето ова, без разлика на сите закани и уцени, јас останувам посветен на борбата за нашата Македонија, заклучува тој.

 

 

Треба да знаете
Последни објави