Русија повторно може да очекува дневно зголемување на бројот на пациенти до 9.000, изјави главниот лекар на водечкиот медицински центар, Евгениј Тимаков, во директен пренос на Инстаграм, пренесува Тасс.
-Кон средината на летото кажавме дека ќе има зголемување на бројот на пациенти. Според моите предвидувања, бројот на случаи на дневно ниво може да расте меѓу осум и девет илјади, потенцира Тимаков.
Тој додаде дека нема причина за паника.
Според Тимаков, рускиот здравствен систем е насочен кон превентивни мерки (одржување физичка оддалеченост, носење маски, миење раце …) што овозможија ублажување на последиците и во првиот бран на епидемијата.