Во околината на Лозница, во атарот на селото Брасина, утринава во околу 09:10 часот се урнал авионот МИГ 21 на војската на Србија. Првичните информации беа дека еден пилот загинал, а по другиот, кој се капитулирал, се уште се трага.
Но, нешто пред 14 часот пристигна информација дека и вториот пилот е мртов.
Инаку, станува збор за авион стар дури 34 години. Министерството по овој повод и официјално се огласи соопштувајќи дека авионот бил прегледан утрово во склад со сите процедури и дека после прегледот било констатирано дека е исправен и подготвен за лет.
На лице место има пожарникари, Војска, полиција и Брза помош, а местото на несреќата го надгледуваат и воен и полициски хеликоптер. Упатени се и екипи на Службата за трагање и спасување и надлежните органи.