Владата на Македонија доставила барање до Општина Центар од новиот детален урбанистички план „Мал ринг“ да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза, пишува СДК.мк.
Работната група која беше формирана од Владата околу проектот „Скопје 2014“ за овие два објекти посочи дека се дивоградби и дека при нивната изградба биле прекршени низа закони.
Од Општина Центар за СДК.мк потврдиле дека за време на јавната анкета за Деталниот урбанистички план добиле барање и од Владата да се избришат овие два објекти, а сега се чека одговор од Министерството за култура под чија надлежност се овие два објекти.