Со ноќното бележење на улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба цел месец пред предвидениот рок завршија градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Втората фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.
Вредноста на договорот за реконструкција на овој дел од улицата Благоја Стефковски изнесува околу 13,4 милиони денари со пресметан ДДВ, а рокот за изведба беше 60 дена.
Минатата година беше реконструиран потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков, а во третата фаза од реконструкцијата на оваа улица е предвидено да биде опфатен потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје – Белград, со што целосно ќе биде реконструирана главната улица што ги поврзува населбите Маџари и Ченто.
Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од приоритетите на Град Скопје и се завршуваат во рекордно кратки рокови.