Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Одделот за внатрешна контрола и криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР, како што кажа Спасовски, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. полициски службеник вработен во СВР Битола поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење служба” поради неоснована употреба на физичка сила врз Ј.Н. од Битола. За него е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место. Против полицискиот службеник К.Г. кој бил присутен на местото на настанот и не презел никакви мерки за спречување на неоснованата употреба на физичка сила е поведена дициплинска постапка и е суспендиран од работното место.
– МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните и во функција на нивната поголема безбедност, рече Спасовски.
Тој посочи дека не станува збор за напад по било каква етничка основа, туку, додаде, има полициски службеници кои тоа го прават, а не смеат да го прават и ги злоупотребуваат службените овластувања.
– За мене е важно целосно да се расчисти случајот без разлика дали е нападнат Македонец, Албанец, Ром, Србин, Влав, Бош