До крајот на месецов, во државните и воените болници во Грција, се ослободува простор и објектите, просторите и креветите ќе бидат наменети исклучиво за пациенти заразени со коронавирусот, додека пак оние што се хоспитализирани на одделите за интензивна нега, а не се ковид-пациенти, доколку биде потребно, ќе бидат префрлени во приватни клиники, предвидува заедничка министерска одлука објавена во Службен весник.
Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Стар” рече дека со ова, „се дава можност, случаите што не се ковид од одделите за интензивна нега од државните болници да бидат префрлени во приватните клиники”.
Објасни дека соработуваат со приватниот сектор и тоа е „заедничка битка со коронавирусот”, но и за да има можност, некои од единиците за интензивна нега да се претворат во единици за Ковид.