На 25.09.2020 во 22.45 часот во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Р.(25) и Ќ.М.(27), двете од Косово, поради нерегулиран престој во Република Северна Македонија. Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.