Билиќ жали оти ВАР собата не го видела играњето со рака на Хаверц кое му претходело на израмнувањето

Вест Бромвич Албион беше блиску до голема победа против Челси во 3. коло од англиската фудбалска Премиер лига, но на крајот мораше да се задоволи со реми (3:3). ВБА имаше предност од 3:0 оставрена по само 45 минути игра, но во вториот дел не ги сочува. Израмнувачкиот, трет гол Челси го постигнаа по акција во која имаше играње со рака на Каи Хаверц.

Тренерот на ВБА, хрватскиот стратег Славен Билиќ не сака директно да ги критикува судиите за да не заработи казна, но праша како таа спорна ситуацијата не ја виделе од ВАР собата. Ја анализира ситуацијата токму за потенцијално играње со рака пред голот на Ејбрахам, но конечната одлука беше дека не постоело такво нешто.

– На крајот на натпреварот бевме многу разочарани, бидејќи последниот гол беше нерегуларен. Не зборувам за судијата, туку за ВАР, јас сум голем поддржувач на технологијата, но не можам да поверувам како не забележаа дека имаше играње со рака. Тешко е да го прифатиме тоа во овие моменти – изјавил Билиќ по натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави