На 25.09.2020 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Ф.(32) од Скопје, затоа што при контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп-листата за издржување казна затвор, за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.