Во Франција, во саботата регистрирани се 14.412 нови случаи на коронавирус за 24 часа, а 39 лица починале од компликации предизвикани до Ковид-19.
Оваа бројка е нешто помала од рекордните 16.000 регистрирани во четврток и петок.
Од почетокот на пандемијата, 527.446 лица се заразени со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Досега починаа 31.700 лица, пренесува агенцијата „Ројтерс“.