Претседателот на Владата, Зоран Заев на денешната прес конференција најави дека туристичките водичи ќе добијат поддршка со плата.
„Над 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември. Ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина од 21.776 денари“, посочи Заев.
Премиерот најави дека за поддршка на туризмот обезбедиле и враќање на туристичката такса за 2019 година на 4.740 хотелиерски субјекти во висина од 2 милиони евра.