Пистолеро имаше асистенција и два гола за 20 минути по влегувањето во игра, Јорганџиите покажаа дека ќе се борат за титула.
Атлетико Мадрид со 6-1 ја разби Гранада, сите головите ги дадоа петмина различни стрелци, а последните два беа дело на новото супер засилување Луис Суарес. Уругваецот кој дојде од Барселона, во игра влезе во 70-та минута, само две минути подоцна имаше асистенција, а 15 минути подоцна успеа и да се запише во листата на стрелци. Во финишот, мотивираниот Суарес даде уште еден гол.
Иако ова беше само прво коло, Атлетико кој одамна не постигнал 6 голови, покажа дека сезонава има намера да се бори за титулата во Шпанија.
Погледнете го дебитантскиот гол на уругвајскиот Пистолеро во дресот на Атлетико: