ЛА Лејкерс го победија Денвер со 117-107 и со вкупни 4-1 патуваат во големото НБА-финале.
Леброн Џејмс беше нерешлива енигма за противникот, зад своето име запиша 38 поени (15/25), 16 скока и девет асистенции. Ентони Дејвис мечот го заврши со 27 поени, на другата страна по 20 поени имаа Јокиќ и Мареј, не тие не беа доволни за ново плеј-оф чудо.
Лејкерси уште на самиот старт го контролираа мечот, водеа во последните три четвртина, Нагетси на пред стастот на последниот период успеаја да изедначат, но немаа сили за целосен пресврт.
Леброн на оваа средба пистана четвртиот играл кој во историјата на НБА-лигата кој десет пати играл во големото финале. Лејкерси на патот кон својата прва титула по 2010 година за противник ќе го има подобриот од Бостон и Мајами.