Голем број тенисери беа дисквалификувани поради позитивен тест на коронавирусот, додека иако „лажно позитивниот тест“ е многу чест, организаторите не им дадоа на тенисерите на Ролан Гарос втора шанса. Така, Дамир Џумхур и Никола Милојевиќ останаа без учество на Ролан Гарос, а прв кој го крена гласот против принципот на здраствените работници кои се задолжени за спроведување на безбедносните мерки против пандемијата од коронавирусот на Отвореното првенство на Франција, е најдобриот светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
-Ситуацијата со Џумхур се покажа како лоша. Не само со него, исто така слушнав дека Вердаско е отстранет од ждрепката. Тој беше негативен во Хамбург, беше позитивен денес. Не разбирам зошто на играчите не им е дозволено да направат нов тест 24 часа подоцна. Тие можат да чекаат во собата и да видат дали тестот е лажно позитивен или вистински, рече Новак Ѓоковиќ.
Тој посочи дека во Синсинати, двајца играчи биле исфрлени од турнирот, а и двајцата потоа имале негативни тестови.
-Не сум медицински експерт, па да кажам што е правилно, а што не. Жал ми е за играчите кои дојдоа, се подготвија и беа негативни, а потоа излегоа позитивни затоа што можеби тие тестови не се добри, заклучи светскиот тениски рекет бр. 1.