Актерката од јапонскиот хорор „Ring“ пронајдена мртва во својот дом

Јапонска актерка Јуко Такеучи е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Токио. Таа имаше 40 години.

Полицијата започнала истрага, а според извештаите во медиумите, постои сомневање дека оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.
Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер, Таики Накабајаши, а лекарите во болницата можеле само да ја констатираат нејзината смрт, пренесуваат медиумите.
Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а беше најпозната по улогата во познатиот јапонски хорор филм „Прстен“ од 1998 година. Таа се здоби со светска популарност во 2018 година, играјќи во серијата „Мис Шерлок“ во продукција на ХБО.
Трејлер за култниот хорор од 1998 година.

Треба да знаете
Последни објави