Денес во просториите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија беше пречекан Министерот за Финансии г-дин Фатмир Бесими. СКСЗМ секогаш се води од основните принципи, врз кои постојано се стреми да се појави како мост кој ќе ги поврзи државните институции и бизнис заедницата, оценувајќи ја достигнатата досегашна соработка на највисоко ниво и подготвена во секое време да ги адресира и застапи интересите на бизнисот.
Целта на овие средби, кои се веќе претворени во традиција, се одржуваат со цел да се зајакне и продолжи соработката меѓу државните институции и бизнис заедницата.
Преку овие средби се добива реална слика за реалните побарувања на бизнисите, особено за време на овој период на пандемијата КОВИД-19, бидејќи таа влијаеше врз дејноста на деловните субјекти.
СКСЗМ изрази подготвеност до министерот за финансии да има активна улога во процесот на предлагање закони и регулативи кои директно влијаат на деловните субјекти. СКСЗМ ја претстави и Платформата за економски развој на Северна Македонија и Министерот Фатмир Бесими информираше за четвртиот пакет мерки кој беше усвоен на вчерашната владина седница, а кој беше донесен по консултации со бизнис заедницата.
Во рамките на платформата за економски развој на Северна Македонија, составена од самата СКСЗМ, беа презентирани и елаборирани точките каде државата треба да интервенира со цел нејзиниот развој и економски раст да продолжи со своите перформанси, додавајќи ги тука и економските мерки против КОВИД-19 што морат да претходат за закрепнување на економијата и враќање во нормална траекторија.