На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од спроведувањето на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
https://www.facebook.com/seir2017/videos/328745771724236/?t=1
Од вечерва, па во следните 14 дена, таа ќе биде во посебно одделение, кое во затворот функционира од март, како заштита од ковид-19. Потоа ќе се смести во едно од трите одделенија, во зависност од проценката на стручниот тим.
Јанкулоска е осудена за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата.
На Јанкулоска и се суди и за незаконско прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ и во аферата „Титаник“.