Најмалку две лица се повредени во судир на два автомобили вечерва во Бутел, дознава 24 Инфо.
Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од булеварот Христијан Тодоровски Карпош и улицата Ферид Бајрам кај старото кино „Бутел“.
Тогаш се судриле автомобили „голф 2“ и „голф7“. На местото веднаш дошла екипа на Итната помош, која однела во болница две лица од постариот „голф“.