Водостоите на реките во земјава варираат, некои се под, а други над просекот за септември.
Според денешните хидролошки мерења, Вардар кај Јегуновце е драстично намален, за скоро половина метар, но кај Велес бележи двојно зголемување, додека кај Скопје и Демир Капија е во рамки на просекот.
Намелени се и нивоата на Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје, на Крива Река кај Крива Паланка, на Струмица кај Ново Село, на Црна и на Сатеска кај Ботун.
Покачени нивоа бележат Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Дрим кај Ложани.