Тихановскаја го повика Макрон да биде посредник за решавање на кризата во Белорусија

Светлана Тихановскаја го повика францускиот претседател Емануел Макрон да биде посредник кој им е многу потребен за решавање на кризата во Белорусија.

„Очајно ни треба посредник за да спречиме понатамошно крвопролевање. Макрон би можел да биде тој посредник и да влијае на рускиот претседател Владимир Путин, со кого има добри односи“, изјави Тихановскаја за агенцијата „Франс прес“.

Тихановскаја побара средба со Макрон, кој денес и утре престојува во Вилнус.

Главната противкандидатка на Лукашенко на изборите, Светлана Тихановскаја, замина во Литванија веднаш по гласањето.

Белорусија е погодена од политичка криза уште од претседателските избори, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Треба да знаете
Последни објави