Денеска во Кривичниот суд во Скопје за случајот „Насилство во Центар” од 2013 година ќе се одржат завршни зборови на одбраната. Обвинителката Фатиме Фатаи на последното рочиште од обвинение ги ослободи Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, а на обвинителна клупа останаа само Александар Трајковски, Миле Јанакиевски и Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија.